Бизнис
30. August 2017 - 16:42

Бесплатен одмор за социјално ранливите

Социјално ранливите категории граѓани ќе можат да користат бесплатен одмор. Владата ќе им доделува ваучери до 15 илјади денари на лицата со вкупни примања до 22 илјади денари месечно. Со мерката ќе бидат опфатени 4,000 лица

- За оваа намена се издвоени 60 милиони денари, а мерката ќе се спроведува по принципот  прв  дојден прв услужен, изјави Крешник Бектеши, министер за економијата

Во наредните денови ќе бидат објавени огласите и за лицата кои ќе сакаат на одмараат на државен трошок  и за центрите кои кои ќе сакаат да ги понудат своиоте сместувачки капацитети.

- Менаџерите на хотелите и мотелите можат да се пријават на јавниот повик кој ќе биде објавен во дневните весници и на веб страницата на Министерството за економија. Таму ќе може да ги најдат сите подетални информации за начинот на користење на средствата и за текот на реализација на програмата. Рокот за прием на апликациите за сместувачките туристички капацитети е до 5 септември годинава, изјави Александар Донев, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот

Бесплатниот одмор ќе може да се користи вон сезона и тоа  до 5 работни денови..  Ваучерите за оваа мерка ќе треба да се искористат до крајот на годината.  .