Македонија
8. December 2015 - 16:47

Бесплатен јавен превоз за сите студенти од државните универзитети и средношколска среда граѓаните сметаат дека ова се добри проекти

Студентите  средношколците, но и повозрасните граѓани   задоволни од одлуката младите   бесплатно да го користат превозот  во ЈСП, желецницата, и бесплатно да посетуваат културни установи во земјава.  Велат дека со оваа идеја со која значително ќе се влијае на нивниот стандард ,  се исполнува  едно од нивните барања.

Вчера премиерот Груевски  соопшти дека од први јануари сите редовни студенти на државните универзитети бесплатно ќе  го користат јавниот автобуски превоз во Скопје  и во градови каде што го има.

Освен тоа средношколците од први јануари , секоја среда ќе можат бесплатно да ја користат железницата , жичарницата до Водно,  и бесплатно да одат во театар, музеј и во кино.

Овие поволности се дел од  100 те мерки за млади и за образование кои ќе се спроведуваат во иднина.