Бесими:Во Гевгелија мигрантите ги имаат сите услови за престој и хуман третман
Македонија мора да има цврста координација со сите земји од регионот, земјите од балканската рута и ЕУ и успешно да ги имплементира одлуките на ЕУ и оние што се очекува да се донесат утре на самитот во Брисел, е една од констатациите на денешната донаторска координација во ПТЦ Гевгелија со претставниците на сите меѓународни организации кои помагаат во справување со бегалската криза, рече вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, по денешниот работен состанок во ПТЦ Гевгелија.
Бесими напомена дека целта на неговата посета во Гевгелија е да види и каква е состојбата во кампот пред неделата во која очекуваме во Брисел да се донесат важни одлуки за понатамошно справување со бегалската криза.
Процесот со бегалците, истакна Бесими, е сложен затоа што има хуманитарни и формално правни димензии кои мора да се почитуваат за да им се излезе во пресрет на луѓето на кои им е потребна помош согласно меѓународните стандарди.
- Видов денеска како изгледа тоа во овој центар. Ја поминавме целата патека на бегалците од нивниот прием во центарот, сместување, храна, укажување помош од секаков вид и постапката со биометриската регистрација и се уверив дека во ПТЦ Гевгелија мигрантите ги имаат сите услови за престој и хуман третман до нивно транзитирање низ земјава, нагласи вицепремиерот Бесими.
Тој посочи дека на донатоската координација во Гевгелија било разговарано и за подготовките за соочување со предизвиците кои би се случиле при евентуално затворање на граници и носење еднострани решенија од некои земји кои би можеле да поредизвикаат дополнителни проблеми.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари