Бизнис
20. April 2021 - 13:37

Бесими: За сите пакети мерки има средства во буџетот и ќе може да се реализираат

 Мерките предвидени во петтиот пакет мерки, вклучувајќи ги и оние за поддршка на плати може да се реализираат во рамки на Буџетот и потоа соодветно со ребалансот најавен за средината на годината, рече министерот за финансии Фатмир Бесими.

-Ребалансот како што неколку пати најавив, би требало да биде спремен кон средина на годината, со цел во Собранието да се разгледа и да се усвои. Со ребалансот ќе се согледа динамиката на реализација на буџетот досега. Веќе беше најавено дека првиот квартал имаше прилично добра реализација,  има одлична ефиаксност и во однос на приходите и во однос на импелментација на мерката што ја презентираме денеска. И кај расходната страна имаше подобра реализација на капиталните расходи. Следиме како се движи економијата и реагираме соодветно. Најголема интервенција треба да биде во додавање во делот на мерките за поддршка на економијата, како продолжение на имплактот на ковид 19 што го имаше во нашата економија. Уверувам дека тоа ќе биде на транспарентен начин и начин што ќе ја поддржи економијата најоптимално таргетирани. Така ќе биде нивната реализација како што беше и на претходните четири пакети, рече Бесими одговорајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Додаде дека се реагира навремено и потаргетирано и во однос на мерките, за кои се слушаат препораките од економијат, а  така и во однос на буџетот, а во мегупериодот до ребалансот, посочи дека доколу има потреба ќе се прават пренамени и ќе може да се реализираат сите мерки што се најавени.

Во однос на даночната реформа минисерот наведе дека во инклузивен процес ќе се спроведе даночната рформа и дека во оваа фаза не се спомнуваат стапки на даноци, не се зобурва ниту за моделот на данокот на личен доход, туку се прават анализи и консултации со сите засегнати страни, за да имаме, како што рече, најдобар даночен модел.

На прашање за предлог за намалување на ДДВ кај електирчната енергија, рече дека такво предлог на  Владата нема во моментот.