Бесими се сртена со генералниот секретар на МНР на Италија
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, денеска оствари работна средба со генералниот секретар во Министерството за надворешни работи на Италија Микеле Валенсизе, соопшти Секретаријатот за европски прашања.
- На средбата беа истакнати одлучните билатерални односи помеѓу двете земји, а беше истакната отворената и искрена поддршка на Република Италија за нашите Евроатлантски аспирации, каде што се потенцираше ставот на Италија дека процесот на проширување на ЕУ нема да биде комплетен, без приклучување на сите земји од Западен Балкан, се наведува во соопштението од СЕП.
На средбата се разговарало и за актуелната политичка состојба во земјата, при што вицепремиерот Бесими ја истакнал важноста за користење на наредниот период за исполнување на сите потребни предуслови за организирање на фер и демократски избори, согласно меѓународните стандарди.
- Во однос на мигрантската криза, соговорниците се осврнаа на последните заклучоци од Самитот на ЕУ и Турција, како и потребата од конкретен напредок во имплементацијата на договореното. Двајцата ја истакнаа важноста за усогласена и ефективна политика во рамките на сите земји на ЕУ, со акцент на принципот на солидарност во справувањето со кризата, при што Македонија ќе продолжи да биде конструктивен партнер во целиот процес, се вели во соопштението.
Бесими изразил благодарност за финасиската помош на Република Италија за нашата земја за соодветно справување со мигрантската криза, како и за поддршката за спречување на поплави преку ИПА Регионалната Програма за Спречување, подготвеност и реакција на поплавите во Западен Балкан и Турција.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари