Бесими: Се размислува за викенд без ДДВ за прехранбени производи за време на празници
– Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска обелодени дека се размислува да се воведе викенд без ДДВ кој ќе важи само за прехранбените производи и кој би се спровел во текот на една или две недели за време на празници.
– Сакаме да им дадеме можност пред се за граѓаните со понизок социјален стандард за време на празниците да си дозволат да слават, а да не плаќаат данок. Мислам дека како општество можеме да си го дозволиме тоа, рече Бесими на денешната прес-конференција во Владата на која заедно со премиерот Димитар Ковачевски го презентираа новиот даночен концепт.
Исто така се размислува и за одданочување на екстра профитот што го остваруваат некои големи компании. Ваквата идеја, како што посочи Бесими, произлегла од јавните дебати што беа организирани во изминатиот период за концептот на даночната реформа но, за ова најави дека ќе се разговара со бизнис заедницата со цел да се изнајде најсоодветното решение.
– Направивме симулации. Ако таква мерка се применеше за 2021 година во Буџетот ќе имавме инкасирано 50 милиони евра за оваа година. Ќе следи јавна и интензивна дебата со јавноста и бизнис заедницата дали кај нас има услови тоа да го направиме, рече Бесими.
Ново на Сител
-
Бугарскиот амбасадор во земјава Ангелов се враќа на своите дипломатски должности во Скопје
-
Николоски: ВМРО-ДПМНЕ е за достоинствено одбележување на 4 февруари
-
Николоски со предлог до Владата: Поднесете иницијатива до грчката влада во која ќе побарате во родниот Кукуш да се изгради спомен куќа на Делчев
-
Николоски: Таравари за лична корист влегува во владата на СДСМ и ДУИ
-
Кривична пријава против две физички лица и правно лице од Велика Британија за кривично дело „компјутерска измама“
-
Кривична пријава против лице од Тетовско за вршење јавен превоз без лиценца
-
Запалено напуштено возило кај Народна банка
-
Им исплатил над 400.000 евра, Британци измамиле правно лице од Пробиштип