Македонија
23. September 2022 - 16:43

Бесими: Повисоки даноци или поголемо задолжување

 Или повисоки даноци или поголемо задолжување. За полесно да се преброди енергетската криза, според министерот за финансии Бесими, постојат две опциии. Но, и во двете, цехот на крај ќе го платат граѓаните. Повисоките даноци ќе го зголемат трошоците за живот, а каматите за позајмените пари ќе мора да се враќаат. Само годинава државата за стари долгови треба да врати 152 милиони евра за камати, што е 1,3 %  од БДП. Владата ќе помага колку што може, но сите мора да штедиме, порача Бесими.

Никогаш не сме рекле дека ќе биде лесно. Ние ги правиме сите подготовки за оваа криза да помине најмалку безболно. Но,  треба сите да се прилагодиме да работиме во услови на криза.. Владата е тука да помогне , но тоа ќе се одрази или со зголемување на даноците или со ново задолжување, изјави Фатмир Бесими, министер за финансии

Кризата ја погоди и берзата, но падот не е драматичен. Ако изминатите две години беа најдобри за берзанското  работење, оваа година ,според директорот Штериев , берзата е во една златна средина

Тоднко Оваа година безранскиот промет изнесува 92 милиони евра, тоа е пад во споредба со изминатите години, не е е драматичен. Индексите на најтргуваните акции МБИ 10 се намалиле за 7%. Имаме влошување, но не е драматично. Во регинот падовите се уште погоелми, изјави Иван Штериев, директор на Македонска берза

За да се стимулира вложувањето во хартии од вредност , првиот човек на  Комисијата за хартии од вредност побара оданочувањето на капиталните добивки да се одложи за уште една година. Според  Алити, потребна  е поедноставна административна процедура која во моментов е пречка за вложувачите на берза. Инаку во Охрид денеска се одржа 21 Годишна конференција на македонската берза.