Бесими: Евроинтеграциите ќе го забрзаат економскиот раст
Евроинтеграциите ќе обезбедат можности за повисок раст. Ние сме максимално посветени на зацврстување на оваа стратешка определба преку поставување силни темели коишто ќе овозможат реализација на клучните реформи, истакна министерот за финансии Бесими на средбата во Брисел со заменик-генералниот директор за соседска политика и преговори за проширување при Европската комисија, Мачеј Поповски.
На средбата, информираат од Министерството за финансии, беше истакнато дека земјите од Западен Балкан се стратешки партнер на ЕУ и дека пристапот за проширување мора да се отвори без понатамошно одложување на европскиот пат на земјите од регионот. Членството во НАТО и отпочнувањето на преговорите за членство во ЕУ може да имаат позначително влијание врз инвестициската активност и спроведувањето на структурните реформи.
Во делот на стратешките приоритети, Бесими истакна дека ефикасното користење на пристапната помош од ЕУ и зајакнувањето на воспоставениот систем за финансиско управување и контрола на средствата од ИПА во насока на прилагодување на системот за управување со структурните фондови, е поставено како приоритетна цел за годинава.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација