Џет-Сет
16. March 2017 - 11:17

Беше најубава актерка во Југославија, а почина од хероин во стан без мебел

Да беше се уште помеѓу нас, Соња Савиќ оваа година ќе одбележеше 40 години од својата кариера, појавувајќи се за прв пат на филм во 1977-ма година кога започна да ја гради историјата на југословенската кинематографија.
Актерката која ги помести границите на актерството и филмот на нашите простори и една од најубавите жени во регионот на филмските платна својот живот го посвети на уметноста. Таа даде се од себе, па можеби и премногу. 
Професионално започнала да се занимава со глума на 16 години, а веќе на 21-на година дипломирала на факултетот за драмски уметности во Белград. Во почетокот на 80-тите дојде и нејзиното време па за две ипол години сними пет филмови кои имаа огромно влијание во југословенската кинематографија.
Лицето и погледот на Соња Савиќ се моментот кои сите оние кои имале можност да ја видат во живо но и на филм ќе го паметат. Сцените во филмот "Уна", кој настана по романот на Момо Капор, а раскажува за љубовта помеѓу професор Мишел Бабиќ и неговата студентка Уна Војводиќ се незаборавни. Разголената Соња Савиќ која јаде цреши на балкон и го заведува професорот за време на интервју на многумина им се засекогаш врежани во меморијата.
 
Освен во филмот Уна, Соња се појави и во многу други култни југословенски филмови, а за време на својата кариера одиграла во вкупно 50 филмови - од југословенска, словенечка и српска продукција. "Давител против давител", "Животот е убав", "Балкански шпион", "Ние не сме Ангели", "Шеќерна вода", "Југ-југоисток" - се само неколку од филмовите во кои Соња ја внесе сета душа и енергија, а на почетокот на деведесеттите години започна да се занимава со режија во проекти кои со уметничка жичка се бореа против војната во Југославија. 
Сепак, приватниот живот на Соња Савиќ е најдолгиот филм во кој таа ја игра главната улога. Во една прилика изјавила дека се откажала од својот приватен живот за да и' се посвети на уметноста, а кон крајот на осумдесеттите години започнаа да кружат приказни дека Соња Савиќ се дрогира.
 
Приказната била "подгреана" и од нејзиното пријателство со членовите од култната група ЕКВ, повеќето од чиј состав починаа од последиците на хероин.
 
"Не бев среќна што се дружам со нив. Бев среќна што најдов луѓе кои се исто несреќни како мене", изјавила во една прилика кога после војната се посветила на работа во Словенија бидејќи Србија, според нејзини зборови, ја отфрлила како уметник и човечко битие. 
 
Токму во документарецот за ЕКВ, Соња последен пат се појавува во јавноста.
 
23.09.2008-ма година како бомба одекна веста дека Соња Савиќ почина на 47-годишна возраст. Весниците беа преполни со наслови од резултатите од обдукцијата на нејзиното тело и за морфиумот и хероинот кои биле пронајдени во нејзината крв по смртта. 
Најстрешната информација која допре до медиумите беше таа дека Соња е пронајдена мртва во празен, неопремен стан, без мебел туку само еден душек простран на земја на кој актерката лежела мртва помеѓу шприцеви.
 
Таа беше погребана во родното село на нејзиниот татко, а на нејзиниот погреб не се појавил никој од нејзините колеги и соработници.