Живот
12. March 2019 - 9:19

Беше чекор од смртта: Момче мирно шеташе низ Лондон додека дуваше силен ветар и рушеше се пред себе

Жител на Лондон минатата недела си потроши голем дел од својата среќа.

Имено, како што покажува снимката, тој мирно шетал покрај зградата во која се наоѓало познато кафуле.

Само што поминал покрај зградата во источниот дел од градот голем куп цигли и отпад паднаа на тротоарот.

Во инцидентот никој не е повреден, но расчистувањето на отпадот траело барем три часа.

Според Би Би Си до рушењето дошло поради силниот ветар кој дувал со брзина од 100 киломтери на час.