Македонија
23. November 2015 - 16:49

Беше 007 а сега е 005%, што остана по бомбите од Заев

За само 4 месеци рејтингот на лидерот на СДСМ Зоран Заев паднал за дури 30%, покажува истражувањето на меѓународниот републикански институт.

Според анкетата на ИРИ, Рејтингот на премиерот Никола Груевски останал 18% како и на претходната анкета спроведена во јуни годинава,а најновото истражување на американскиот институт покажува дека рејгингот на Заев паднал од 7 на 5% или за околу 29%.

Сега рејтингот на опозицискиот лидер се израмнува со рејтингот на Бранко Црвенковски, иако екс претседателот веќе неколку години не е дел од политичката сцена.

Ваков драматичен пад во рејтингот на еден политичар се случува многу ретко. Единствен пример од поблиското минато е поранешната украинска премиерка Јулија Томошенко. Падот на рејтингот на Тимошенко се случи во различни политичко-безбедносни услови но заедничко за Заев и Тимошенко е тоа што и двајцата во неколку наврати се судени за корупција.

Според експертите поддршката на терористите во Диво Насеље, гафот со лажни информации по посетата на Израел и се почестите најави за федерализација се главните причини за падот на рејтингот на опозицискиот лидер.

Инаку последната анкета на ИРИ покажа двојна предност од 24% за ВМРО ДПМНЕ, наспорти 12% за СДСМ, но ваквиот податок, заедно со податокот за падот на рејтингот на Заев не беше пренесен од никој од медиумите блиски до СДСМ.

Анкетата Американскиот републикански институт е спроведена теренски во периодот од 29 септември  до 5ти октомври годинава врз репрезентативен примерок од 1 106 испитаници.