Македонија
11. September 2018 - 14:30

Бесен охриѓанец со возило влета во казино

 
Охриѓанец се терети за предизвикување на општа опасност откако со своето возило се обиде да влета во казино.
 
Како што стои во билтенот на МВР, СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Р. (41) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „предизвикување општа опасност”. 
 
На 01.09.2018 околу 00.20 часот пријавениот, управувајќи патничко возило, се обидел со возилото со голема брзина да влезе во казино на ул.„Партизанска” во Охрид.