Македонија
23. August 2016 - 16:12

Беса: Нема фантоми, над 70 проценти од спорните гласачи се Албанци

Имињата од списокот на ДИК, т.н. спорни гласачи (39.502) не се фиктивни туку реални, најголемиот број од нив се Албанци и се опозициски настроени, покажала анализата на движењето Беса на гласачите од оваа листа.

Беса  ќе продолжи да се ангажира до крај за до го врати и последниот гласач кој има право на глас, во избирачкиот список користејќи ги сите можни механизми кои ги има на располагање.

„Да напоменеме уште еднаш дека без фер, слободни и коректни избори, оваа држава нема никаква иднина. Нашата анализа на овој список покажа дека над 70 % од гласачите на ова листа се Албанци, многумина од нив се блиски роднини на високи функционери на движењето Беса и на други опозициски партии, има голем број на жени, има многу познати имиња на професори, аналитичари, судии...“, соопшти Беса.

Ова движење покрена иницијатива до Уставниот суд за уставноста на законот со кој се одобри, дел од граѓаните да се дискриминират и да им се одземе основното право за да избираат и да бидат избрани.

„По објавените резултати дека само 8.901 гласачи се вратени во севкупната изборна листа на гласачи, ќе продолжиме да се ангажираме до крај да го вратиме и последниот гласач кој има право на глас во избирачкиот список“, соопшти Беса.