БЕСА на Касами ги прекинува разговорите со Заев за вклученост во Владата
- БЕСА на Билал Касами ги прекинува разговорите со премиерот Зоран Заев за вклученост во Владата. Во допис до медиумите партијата наведува дека долго е во фаза на преговори за проширување на парламентарното мнозинство, дека имале коректен и позитивен однос, но оти инертната политичка состојба им штети на нивниот имиџ. Сметаат дека премиеерот како иницијатор за проширување на парламентарното мнозинство покажал несериозен пристап.
- Бидејќи овој процес на преговори трае повеќе од четири месеци без конкретен епилог, проценуваме дека сите временски ограничувања се надминати и не сакаме Движењето БЕСА да остане заложник на техничките калкулации на парламентарното мнозинство. Од денеска ние ги прекинуваме сите разговори со премиерот за вклученост на БЕСА во Владата на Мекедонија, пишува во соопштението на БЕСА на Касами, во кое се наведува дека ќе бидат конструктивна опозиција.
Проширувањето на парламентарното мнозинство за нив не значело само технички процес за обезбедување бројност во Собранието, туку процес кој ќе го подобри владеењето со учеството на БЕСА и покажување разлика од друго менаџирање.
- Тоа сочигледно не е разбрано од премиерот Заев. За жал, со „купување" време тој се обидува политички да ги троши сите страни што преговараат за влез во владата, а во јавноста постапува поинаку од она што е договорено на заедничките состаноци, наведува партијата на Касами.
Ново на Сител
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година