-->
-->
Беса: И ние бараме измени на изборниот модел ама со 3 изборни единици
-->
Движењето Беса ја поддржува иницијативата на 12 пратеници за измени на изборниот модел, но не во целост. Пратеникот од оваа партија Фадил Зендели побара да не се менува пропорционалниот изборен модел, но наместо затворени, Беса се залага за отворени листи.
- Бараме и изборните единици од 6 да се намалат на 3 бидејќи тоа ја одразува реалноста во државата, а тоа е дека одредени етнички заедници гласаат во одредени региони - рече Зендели.
12 народни избраници поведоа инцијатива во Парламентот за измени на Изборниот законик со која бараат да се воведе една изборна единица. Бараат средби со ВМРО ДПМНЕ, СДСМ И ДУИ. Власта и опозицијата имаат формирано работна група за измени на изборното законодавство.
Катерина Нешкова
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација