Македонија
12. September 2018 - 14:06

БЕСА: Да придонесеме референдумот да биде успешен

Движењето Беса кампањата за референдумот ја започна од Општината Желино каде што оствари неколку средби со граѓаните од оваа општина.

На овие средби заедно со претседателот Биљал Касами беа и генералниот секретар и воедно шеф на штаб за референдумот, Арјанит Хоџа, потпретседателите Абдуш Демири и Кастриот Реџепи, како и пратеничката Теута Биљали.

На овој прв ден од кампањата присутен беше и градоначалникот на општина Желино од редовите на Движењето Беса, Блерим Сејдиу.

Претседателот Касами во својот говор се изјасни дека:

Треба да придонесеме за референдумот за да.биде успешен бидејќи само како дел на НАТО и ЕУ,  ќе може да ги смените животните услови, ќе може да имаме добра економија, квалитетно образование и напредно здравство.

Претседателот на Беса исто така кажа дека треба да гласаме "ЗА" референдумот со цел да имаме гарантиран мир и безбедност како и да им кажеме СТОП на влијанието од анти НАТО во Македонија.