Бизнис
25. March 2019 - 20:22

Берзата лани забележа раст од 26% банките најпрофитабилни

Негативни бројки за прометот на Македонска берза. Заклучно со крајот од минатата недела, класичното тргување бележи пад од 25%. Податоците покажуваат дека од почетокот на годинава истргувани се акции и обврзници во износ од 12,4 милиони евра, додека во истиот период лани прометот изнесувал 16,6 милиони евра.

Од Македонска берза потенцираат дека минатата била многу добра берзанска година, што на некој начин влијае за негативните бројки сега, кои всушност се движат во просечни рамки.

Лани Македонска Берза ја заврши годината со вкупен промет од 224 милиони евра, што е раст од 26% во однос на 2017 година.

10-те друштва со најголема добивка чинат речиси 90% од вкупниот профит. Меѓу тие компании, дури половината се од банкарскиот сектор.