Бизнис
11. July 2019 - 19:32

Берзанските работници бараат ново одложување на оданочувањето на капиталните добивки

Берзанските работници ќе бараат од Владата  да се одложи оданочувањето на капиталните добивки, мерка која треба да стартува од први јануари следната година.

Првиот човек на македонската берза Штериев вели дека  се прават напори нивното барање да биде прифатено, затоа што ако се спроведе оваа  даночна реформа, сериозно  ќе влијае на одлуките на инвеститорите но и на понатамошниот развој на овој пазар.

Од владата сеуште не знаат за оваа иницијатива. Но како и се досега така и ова барање ќе било внимателно разгледано.

Со даночните реформи кои беа направени лани,  се предвидува од 2020 со 15 проценти да се даночат  дивидендите, капиталните добивки, закупнини и добивки од игри на среќа. Кога се донесе оваа одлука брокерските работници предупредија дека ќе удри врз берзанското работење. Инвеститорите ќе бидат резервирани во тргувањето, а тоа значително ќе влијае на  намалување на прометот.

Според последните податоци во првата половина од годинава вкупниот промет на берзата изнесува над 60 милиони евра, значително помалку во однос на лани.

Намалувањето главно е поради намалувањето на трувањето со блок трансакциите. Но прометот од тргувањето со акции е 28 милиони евра и е втор најдобар промет во последната деценија.