Македонија
4. July 2018 - 16:18

Бертолини: Во Македонија засега не се планира изградба на бегалски кампови

Нема план за изградба на мигрантски кампови во Македонија, велат од  делегацијата на ЕУ во Скопје, но не ја исклучуваат можноста тоа да се промени.

- Морам да бидам искрен и да ви кажам дека знам колку што знаете и вие. Засега нема планови, ниту проекти за отворање мигрантски кампови во оваа земја. Според мене, одговорот е не, но како и се друго во политиката, се е предмет на промена. Па, да видиме. Засега, нема таков план – изјави Бертолини.

Вицепремиеркта Шекеринска  тврди дека од ЕУ не побарале ниту најавиле дека во земјава ќе се градат бегалски кампови.

Во мегувреме, на социјалните мрежи беа објавени документи со кои Агенцијата за планирање на просторот  бара од општина Карпош податоци за проектот за изградба на прифатен центар за странци во Бардовци.

Од министерството за труд и социјала и   од општина Карпош ги  демантираа овие наводи.

Градоначалникот Шилегов  вчера објасни дека документите се однесуваат на  проширување на   капацитетот  за  бездомни лица во Визбегово, но не вети  дека на териотијата на Скопје нема да се градат бегласки кампови.