-->
-->
Беровските советници добија преносни компјутери
-->
Беровските советници добија преносни компјутери, благодарение на донацијата на иселеникот Дамјан Карпузовски од Берово кој живее и работи во Германија. Отсега сите материјали за седници на Советот и комисиите на Советот на Општина Берово ќе бидат доставени по електронски пат.
Со донацијата, како што истакнаа од Општина Берово, ќе се зголемува ефикасноста во однос на работата на беровскиот Совет.
– Општина Берово, постојано работи на унапредување на општинските услуги, па така во насока на поефикасна администрација и поефикасна работа на Советот, благодарение на нашиот иселеник Карпузовски, оваа донација ќе биде од големо значење за советниците и административните службеници. Во иднина, сите материјали за седници и комисиите на Советот на општината, ќе бидат доставени по електронски пат, а се во насока на унапредување, модернизација и зголемена ефикасност на неговата работа, истакнаа од општината.
Воедно, како што додадоа, со оваа новина ќе се намалат трошоците за умножување, достава и заштеда на материјали за пренос и печатење.
Претходно, 15 половни преносни компјутери лап-топи кои се дел од донацијата на Карпузовски, беа отстапени за усовршување на наставниот процес, како и полесно доловување на наставната содржина за потребите на учениците од ООУ „Никола Петров Русински”.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица