Македонија
14. February 2018 - 10:56

Беровчанецот што исчезна пред 3 дена, пронајден мртов на улица

Беровчанецот Б.Б.(75), кој на 10 февруари беше пријавен за исчезнат, вчера во 09,00 часот е пронајден починат на улица „Дамјан Груев" во Берово.

Од МВР соопштија дека е извршен увид на местото на настанот.

Телото на починатиот е  предадено на семејството за погреб.