Беровчанец за 50 дена на Алјаска заработил годишна плата во Македонија: Работев 16 часа, јадев и спиев, така секој ден во круг!
Сезонската работа на Алјаска во последно време се вистински хит за луѓето од источна Македонија, кои таму заминуваат да работат неколку месеци. Најчесто за тоа време заработуваат колку во Македонија за 24 месеци, а се враќаат исцрпени, но сепак задоволни.
-Животот ми се сведе на работа и спиење, но успеав да заработам колку годишната плата во Македонија за само 50 дена на Алјаска. Таму обработував и пакував лосос по 16 часа на ден, во три смени, објаснува беровчанецот.
Тој исто така истакна дека животот таму е многу скап, но тој трошел само на најосновното со оглед на тоа дека има жена и 3 деца.
-Алјаска е многу скапа, кутија цигари е 10 долари, а толку ми беше платен еден час, не можам да се луксузирам, отидов да заработам за да им обезбедам подобра иднина на мојте дечиња. Работев без ниеден слободен ден. Станував јадев, работев, јадев, спиев и така секој ден во круг. Но, мојата намера беше да заработам, донесов 6.500 евра што е многу повеќе од годишната плата во моето родно Берово, со солзи во очите искрено раскажа А.Б. кој сакаше да остане анонимен поради страв од кражби.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто