Свет
11. November 2019 - 17:43

Берлускони одби да сведочи пред Суд

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони одби да сведочи на судењето на долгогодишниот соработник, осомничен дека се обидел да биде мост меѓу мафијата и политичарите.

Берлускони пред судот во Палермо, изјави дека неговите адвокати го советувале да не одговара на прашања, а тој одбил и да се фотографира или снима додека стоел пред судија.

Блискиот соработник на Берлускони и поранешен сенатор во време на неговиот мандат Марчело Дел Утри, беше осуден од понизок суд во случајот што се однесуваше на соработката помеѓу Коза ностра и државните институции по бомбашките напади во 1993 година во Фиренца, Рим и Милано.