Македонија
19. December 2018 - 16:20

Берлинскиот процес им даде надеж на земјите од Западен Балкан

Придобивките од Берлинскиот процес се огромни, како за Македонија, така и за регионот, но главниот предизвик остануваат реформите.

Дискутирајќи за пречките, недостатоците и идните предизвици од целиот Берлински процес, иницијатива воведена од Германија со замисла да го поттикне проширувањето на ЕУ, експертите сметаат дека таа се соочува со потешкотии во самото спроведување.

Дипломатската иницијатива која во екот на најголемиот евроскептицизам пред четири години им даде надеж на земјите од Западен Балкан за нивна ЕУ интеграција во одредена мерка ги исполни очекувањата, но претстои уште многу работа.

Берлинскиот процес ги собира заедно секоја година раководствата на шесте земји од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Косово, Србија и Црна Гора со нивните колеги од земјите од ЕУ, со цел да работат заеднички на прашањата околу безбедноста, економскиот и инфраструктурниот развој на на регионот.