Берлин против надворешната политика на Доналд Трамп
Министерот за надворешни работи на Германија Франк Валтер Штајнмаер денеска ја критикуваше најавата на претендентот за кандидат на Републиканците на изборите за претседател во САД Доналд Трамп во врска со можниот правец на идната надворешната политика.
Вчера во говор за време на кампањата Трамп најави дека доколку тој стане претседател земјата ќе се води од принципот „Прво Америка“ односно дека ако стане претседател ќе ги остави Европа и Азија сами да се борат за себе ако тие не ги поддржуваат одбранбените мерки на САД.
- Се надевам дека на изборната кампања во САД не и недостасува перцепција на реалноста. Архитектурата на светската безбедност е променета и веќе не е поставена само на два столба. Таа не може да се спроведува унилатерално, изјави денеска Штајнмаер во Берлин коментирајќи го принципот „Прво Америка“ на Трамп.
Според Трамп, меѓународните конфликти можат да бидат решени ако големите сили како САД, Русија и другите ги здружат силите заедно.
- Ниту еден американски претседател не може ја запре промената на архитектурата на светската безбедност поради што „Прво Америка“ не е одговор на проблемите“, смета шефот на германската дипломатија.
Според Штајнмаер, говорот на Трамп е контрадикторен затоа што од една страна тој повикува на „Прво Америка“ а од друга страна бара САД да се повлече од решавање на светските проблеми, две работи што не одат заедно.
Републиканскиот кандидат Трамп кој што има германско потекло во неколку наврати директно ги коментираше политичките настани во Германија во текот на кампањата. Пред некоку дена тој во телевизиско шоу изјави дека „Германија никогаш нема да биде иста“, поради политиката на отворени врати за милиони бегалци кои што според него ја дестабилизирале земјата.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација