Берлин против исламскиот екстремизам ќе се бори со 100 милиони евра
Според планот на германските министерства за семејство и за внатрешни работи, во битката против екстремизмот и исламскиот радикализам државата ќе потроши околу 100 милиони евра.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, ова денеска го најави новата минситерска за семејство и младина Катарина Барли, која повика на нов сојузен закон против екстремизмот што ќе содржи проекти и иницијативи кои ќе превенираат екстремизам.
- Не смееме да чекаме младите луѓе да бидат редикализирани. Безбедноста и превенцијата мора да одат рака под рака“, изјави Барли на прес конференција во Берлин.
Според неа, битката за превенција на радикализмот мора да се води во училишните дворови, на интернет, но и в затвор. Таа во исто време го отфрли барањето на баварскиот министер за внатрешни работи Јоаким Херман, кој побара службите за безбедност да вршат мониторинг на помлади малолетници под 14 години осомничени за контакти со исламистички групи.
Во Германија сега е дозволен мониторинг на деца над 14 години.
Ново на Сител
-
Градоначалникот на Делчево позитивен на Ковид-19
-
9 починати и 394 нови случаи на Ковид-19
-
Николовски: За случајот со д-р Асани поведена постапка пред ОЈО
-
Србија трета во Европа и седма во светот по бројот на вакцинирани
-
МВР: Секој граѓанин жртва на „Јавна соба“ да пријави во полиција
-
Хоџа: Усвоен Националниот план за Ковид-19 вакцинација
-
Војниците со навршени 45 години ќе добиваат отпремнина од АРМ
-
Николов: Филипче питачи за вакцини кај стигне, сега е пред врата кај Кинезите, вакцини нема, Филипче оставка веднаш!