-->
-->
Берлин платил пет милиони евра за да ги купи Панамските документи
-->
Германија ги зајакнува напорите за борба со организираниот криминал со купување на Панамски документи за кои платила пет милиони евра.
Официјални владини лица потврдија денеска во Берлин дека германската федерална криминална полиција ги купила документите што беа објавени минатата година како дел од напорите за борба со компаниите и поединци кои избегнуваат плаќање даноци, јави ДПА.
Во документите се имиња на оние кои ја користеле адвокатската фирма Мосак Фонсека.
На листата се имиња на политичари, членови на нивни семејства и блиски помошници од целиот свет.
Во септември 2016 година Данска се согласи да плати на анонимни извори за информации за стотици Данци споменати во листата на панамските документи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти