Свет
31. October 2016 - 9:43

Берлин: Ослободувањето на Мосул може да испровоцира терористички напади во Европа

Германското внатрешно разузнавање, Федералната сужба за заштита на Уставот, претпоставува дека ослободувањето на ирачкиот град Мосул од групацијата Исламска држава, како и поразот на исламистите во Ирак и во Сирија, може да доведат до терористички напади во Европа, изјави директорот на службата, Ханс Георг Масен. 

- Уништувањето на терористите е цел на меѓународната заедница. Сепак тоа може да биде причина за таков развој на настаните, кој ќе доведе до активирање на поддржувачите на ИД во Европа, што, пак ќе предизвика терористички напади или други видови насилство извршени со поддршка  на терористите. Сакаме да ги спречиме во тоа и да преземеме соодветни дејствија, рече Масен.

Според најновите податоци на Федералната криминална служба (БКА), оваа година во центарот на вниманието на германските специјални служби се околу 450 исламисти, кои можат да бидат потенцијален извор на теористички закани.

- Органите за заштита на безбедноста успеале изминатите 15 години да спречат 11 терористчки напади, подготвувани на територијата на земјата, изјави директорот на БКА, Холгер Мунх.