Балкан
13. October 2015 - 8:59

Берлин ги повика Грција и Турција да ги решат проблемите во Егејско Море за справување со бегалците

Берлин ги повика Грција и Турција да ги решат билатералните спорови во Егејско Море, со цел да се спречи трговијата со луѓе и да биде смирен бранот бегалци кон Европа, а со тоа и кон Германија, пренесуваат грчките медиуми.

Портпаролот на германската влада Штефан Зајберт изјави дека ситуацијата во Егејско Море меѓу Грција и Турција е таква, како границите меѓу двете земји да се отворени, во смисла дека шверцерите таму можат да дејствуваат како што сакаат, а тоа изложува голем број луѓе на непосредна опасноста за нивните животи.

- Тоа е нешто што треба да се промени. За таа цел се неопходни координирани напори на надворешните граници на ЕУ, а тоа може да се случи, ако Турција и Грција, две земји членки на НАТО, соработуваат рака за рака, истакна Зајберт.

Според Зајберт неопходо е да бидат прогонети шверцерите со луѓе од Егејско Море, за да може да се врши нормална регистрација на бегалците, кои пристигнуваат на надворешните граници на ЕУ, што сега не се случува.