Балкан
25. October 2017 - 15:38

Бериша: КСБ подготвени да се трансформираат во армија

Косовскиот министер за безбедносни сили Рустен Бериша изјави дека Косовските безбедносни сили (КСБ) се подготвени да се трансформираат во армија.

Тој вчера пред пратениците изјави дека КСБ го исполниле својот мандат и ги постигнале оперативните капацитети.

- Тие сили се подготвени да се трансформираат во армија. Локални меѓународни експерти прават планови за оружје и опрема, посочио Бериша.