Фудбал
11. October 2018 - 8:39

Бензема заврши со настапите во репрезентативниот дрес

Фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема најверојатно веќе нема да игра за репрезентацијата на Франција, објави претседателот на тамошната федерација Ноел Ле Грат.

Бензема последен пат за „триколорите“ настапи во 2015 година. Тогаш се појави аферата со уценувањето на соиграчот од националниот тим Метју Валбуена, случај за кој се очекува судски епилог во многу скоро време.

- Покрај аферата со уценувањето на Валбуена, Бензема не игра ниту во најдобра форма во Реал Мадрид и мислам дека неговата репрезентативна кариера е завршена, изјави Ле Грат.

Бензема има одиграно 81 натпревар за Франција и постигнато 27 голови.