-->
Бензема заврши со настапите во репрезентативниот дрес
Фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема најверојатно веќе нема да игра за репрезентацијата на Франција, објави претседателот на тамошната федерација Ноел Ле Грат.
Бензема последен пат за „триколорите“ настапи во 2015 година. Тогаш се појави аферата со уценувањето на соиграчот од националниот тим Метју Валбуена, случај за кој се очекува судски епилог во многу скоро време.
- Покрај аферата со уценувањето на Валбуена, Бензема не игра ниту во најдобра форма во Реал Мадрид и мислам дека неговата репрезентативна кариера е завршена, изјави Ле Грат.
Бензема има одиграно 81 натпревар за Франција и постигнато 27 голови.
-->
-->
Ново на Сител
-
Зимската бура „Петра" ќе погоди околу 200 милиони Американци
-
Заев – Саливан: Остануваме посветени на прашањата за мирот и стабилноста
-
ХОРОР: Седум деца изгореа до смрт, најмалото имало 3 месеци
-
Згрутчување на крвта може да биде фатално: Aко имате еден од овие симптоми веднаш на лекар
-
4 ранети со нож, напаѓачот застрелан
-
Си ги фотографирале децата на одмор, но не ни помислувале што може да се случи
-
Утврден текст на Предлог-законот за Агенција за национална безбедност
-
Пет технички неисправни автобуси во Кичево, еден исклучен од сообраќај