Фудбал
4. November 2015 - 15:20

Бензема приведен за уцена?!

Полицијата го уапсила напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, пренесува Франс прес. Против Бензема се води истрага, бидејќи тој наводно го уценувал соиграчот од репрезентацијата Метју Валбуена.
 
Како што наведува полицијата, Валбуена, бил уценуван со интимна видео снимка. Меѓу осомничените за случајот со Валбуена беше и Џибрил Сисе, тој беше уапсен, испрашан и на 13.октомври е пуштен на слобода.
 
Доколку се докаже дека Бензема и Сисе се виновни тие се соочуваат со петгодишна затворска казна.

Ново на Сител