Фудбал
19. February 2016 - 10:24

Бензема може да се сретне со Валбуена

Судијата кој ја води постапката во која поради уцена еден од обвинетите е Карим Бензема, ја укина забраната според која играчот на Реал Мадрид не смееше да стапи во контакт со Матје Валбуена, кој во процесот е оштетена странка.
 
Бензема е обвинет дека бил посредник во преговорите помеѓу Валбуена и луѓето кои го уценувале играчот со снимка на секс, на која е Валбуена со својата девојка.
 
Напаѓачот на Реал ги негира обвинувањата, поради кои во ноември минатата година беше уапсен и поради што е суспендиран од репрезентацијата, додека случајот не добија правна разрешница.
 
Бензема неколку пати истакна дека сака да се сретне со Валбуена, но судот му го забрани тоа. Сега од судот тој доби ’зелено светло’, но забрането му е да контактира со остнатите лица против кои е покренато прелиминарно обвинение за уцена.
 
Веднаш откако судот ја донесе оваа одлука, обвинителството поднесе жалба.
 
Инаку, според француските закони, прелиминарно обвинение значи дека постои основано сомнение дека кривичното дело е направено и дека е потребно време за понатамошна истрага.
 
Бидејќи Бензема и Валбуена се суспендирани од репрезентацијата додека случајот не биде решен, тоа значи дека тие можат да го пропуштат Европското првенство, кое во Франција ќе се игра до 10.јуни до 10.јули.