Македонија
5. September 2021 - 19:50

Бени Шакири влегува во трката за градоначалник на Скопје, Никола Пановски ќе ја предводи советничката листа на ЛДП и ДОМ

Познатиот рок музичар Бени Шаќири е кандидат за градоначалник на Скопје на движењето Одлучно за промени  на ЛДП И ДОМ, а микробилогот Никола Пановски  носител на советничката листа. Шаќири рече дека како граѓанин се чувствува изневерен од тоа како се води градот изминативе четири години. Лошите услови за живеење  биле мотив тој да влезе во овие води. Вели дека на Скопје му треба нормален  градоначалник и прв човек на советот.

Пановски пак вели дека е време  да се разбие  црно белиот  свет на двете  големи партии.

Од движењето Одлично за промени  велат дека станува збор за личности кои се исклучително ценети во својата професија.

Досега познати кандидати кои на локалните избори ќе се борат за Скопје се Петре Шилегов од СДСМ,  како независен кандидат  Данела Арсовска која ја има поддршката од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса. Партијата Левица  го кандидираше музичарот Петар Георгиевски Камиказа. А во трката  како независне кандидат на Зелен Хуман Град влегува  и поранешната директорка на инспекторатот за животна средина Ана Петровска. Но можност за дополнување на листата е се уште отворена.

Партиите имаат рок уште пет дена да ги објавата своите кандидати за градоначалници за локалните избори чиј прв круг е закажан за 17 октомври.