Фудбал
9. March 2016 - 21:14

Бенфика 1/4-финалето на Лигата на шампиони

 
  Португалскиот тим Бенфика е третиот четвртфиналист во Лигата на шампионите, откако и во реваншот славеше победа над Зенит.
 
Откако португалската екипа го доби првиот меч пред својата публика со 1:0, денеска на гостувањето во Русија го победи Зенит со 2:1. 
 
Руситте имаа резултат за продолжение се до пет минути пред крајот откако Хулк со голот во 69-минута им донесе водство од 1:0. Но, во завршните пет минути Бенфика направи пресврт. Најнапред Гаитан во 85-минута го израмни резултатот, а Талиска во судиското продолжение ги постави конечите 2:1 за португалската екипа. 
 
Покрај Бенфика, пласман во меѓу осумте најдобри вчера обезбедија Реал Мадрид и Волфзбург, а најновиот патник во ќетвртфиналето ќе биде познат вечерва по реванш дуелот во Лондон, во кој Челзи има негатива од 1:2 по првиот меч со ПСЖ.