Џет-Сет
15. March 2017 - 9:11

Бен Афлек на лекување од алкохолизам

Американскиот глумец Бен Афлек (44) заврши во институција за лекување од алкохолизам, а на социјалните мрежи објави дека главна причина за тоа е тоа што сака да стане „најдобар татко, колку што е тоа можно".

- Сакам моите деца да знааат дека не е срамота да добиеш помош кога ти е потребна, и да бидат извор на сила за сите оние на кои им е потребна помош, а коишто се плашат да го преземат првиот чекор... Ова е првиот од многуте чекори кон моето опоравување, напиша Афлек на Фејсбук, притоа заблагодарувајќи и се на својата се уште законска сопруга Џенифер Гарнер.

Афлек и Гарнер, кои се во брак 12 години и заедно имаат три деца, во 2015 година најавија развод, но по се, изгледа на тоа поле дуваат се попозитивни ветришта.

- Го завршив третманот за одвикнување од зависноста од алкохол, нешто со коешто се борев во минатото и со кое ќе продолжам да се борам, пишува тој натаму.