-->
-->
Бен Афлек ја покажа гигантската тетоважа на грбот
-->
Оваа година беше многу турбулента за 43-годишниот Бен Афлек, пред се поради разводот од сопругата Џенифер Гарнер по десет години брак.
Како што тоа веќе е пракса во Холивуд, Бен по разводот се препушти на работата и снима нови филмови кои следната година ќе се најдат во кината. Меѓу нив е и филмот „Live By Night“, кој моментно Бен го снима во Лос Анџелес.
Додека снимаше една „крвава“ сцена од филмот, Бен покажа дека на грбот има гигантска тетоважа на птицата феникс, симбол на силата и бесмртноста.
Тетоважата е во боја и го покрива целиот грб на Бен, но засега останува нејасно зошто Афлек истетовирал токму феникс.
Таблодите оценуваат дека со ова Бен очигледно на сите сака да им порача дека дошло време за отворање ново поглавје во животот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација