Loading Video...
Свет
7. October 2022 - 16:40

Белоруски, руски и украински активисти ја делат Нобеловата награда за мир

Добитници  на овогодинешната Нобеловата награда за мир се затворениот  белоруски  активист за човекови права Алес Бјаљицки,  руската организација за човекови права Меморијал и украинската организација за човекови права,  Центар за граѓански слободи.

Претседателка на нобеловиот комитет, Берит Рајс –Андерсен „Добитниците го демонстрираа значењето на граѓанското општество за мирот и демократијата. Тие покажаа дека е важно да се критикува власта и да се штитат основните човекови права“, објави Нобеловиот комитет.

Победниците се противници на рускиот претседател  Путин  и неговиот белоруски созјуник Лукашенко. Од комиетет  објаснија  дека секогаш наградуваат некого за нешто  и дека наградите не се против никого.  Претседателката на Комитетот  ги повика бероруските власти да го ослободат  60 годишниот Бјаљицки  кој е во пртивор поради обивнеинието за  даночно затајување, што неговоите поддржувачи го отфрлија, велејки дека е политички мотивирано. Рускиот врховен суд на почетокто на годината ја забрани организацијата  Меморијал која важи за една од најпочитуваните организации за човекови права во Русија со образложение дека го прекршила контроверзниот закон за странски агенти.