Свет
10. April 2017 - 8:52

Белорусија склучила договор си Русија за кредит во висина од една милијарда долари

Белорусија планира да земе заем од Русија од околу една милијарда долари, изјави белорускиот вицепремиер Владимир Семашко, јави ТАСС. 

- Договорено е да бидат одобрени дополнителни една милијарда долари кредит при добри услови, нагласи Семашко, зборувајќи за резултатите од средбата на 3 април меѓу претседателите на Русија и Белорусија, Владимир Путин и Александар Лукашенко, во Санкт Петербург. 

Семашко наведе дека Русија ќе помогне во текот на оваа година на Белорусија да и бидат дадени две транши од Европскиот фонд за стабилизација и развој.