Македонија
15. January 2019 - 13:30

Беличанец побара суспензија за сите оние кои ја пееја ,,Бисер балкански”!

Професорот Тито Беличанец побара суспензија за целата ракометна репрезентација, бидејќи ја пееја македонската песна „Бисер балкански“.

Беличанец на Фејсбук, споделувајќи ја веста (ВИДЕО) Борко и Стојанче го продолжуваат дуелот против власта, ја пееја „Бисер балкански“ побара македонските репрезентативци, меѓу кои Борко Ристовски и Стојанче Стоилов, кои ја пееја песната да бидат суспендирани.