Балкан
21. August 2016 - 14:45

Белграѓани во шок: Го сретнале и го сликале Екрем Јевриќ во јавниот превоз

На Фејсбук се појави фотографија која на прв поглед ќе ви ја заледи крвта во вените.

Имено, во градскиот превоз во Белград забележана е фотографија од еден патиник кој неверојатно личи на покојниот Екрем Јевриќ.

Некои луѓе се во неверување, некои се шалат на сметка оваа фотографија, додека други сериозно се прашуваат дали е Екрем во прашање.

Не е објаснето кога настанала фотографијата, дали е порано забележан Екрем во градскиот превоз или само во прашање е човек кој многу наликува на него.