Кошарка
1. March 2016 - 8:33

Белградските подобри од загрепските екипи во АБА лигата

 
 
  Белградските екипи, Партизан о Црвена Звезда забележаа победи во дуелите со загрепските тимови на Цедевита и Цибона, во натпреварите со кои беше комплетирано 25-тото претпоследно коло во регионалната кошаркарска АБА лига.
 
Во Загреб, составот на Црвена Звезда славеше победа против Цибона со 94:83, додека во Белград, кошаркарите на Партизан ја совладаа Цедевита со 82:61. По овие резултати, а на коло до крајот на регуларниот дел на сезоната веќе се познати и полуфиналните двојки. 
 
Лидерот на табелата Будуќност за протицник во полуфиналето ќе ја има екипата на Мега Лекс, додека во второто полуфинале ќе играат евролигашките екипи Црвена Звезда и Цедевита.
 
На натпреварите кои веќе се одиграа во ова коло, беа постигнати овие резултати: 
МЗТ Скопје А. – Тајфун 77:70, 
Металац - Унион Олимпија 74-61,  
Крка - Мега Лекс 74-57, 
Сутјеска – Будуќност 92-91(по продолжение) и 
Игокеа – Задар 77-73.
 
Табела: Будуќност 22-3 (победи-порази), Црвена Звезда 19-6, Цедевита 18-7, Мега Лекс 16-9, Партизан 12-13, Цибона 11-14, Задар 11-14, МЗТ Скопје 10-15, Олимпија Љубљана 10-15, Крка 10-15, Игокеа 10-15, Металац 10-15, Сутјеска 9-16 и Тајфун 7-18.