Loading Video...
Балкан
18. јуни 2019 - 16:38

Белградската полиција синоќа околу полноќ извлекла три безживотни тела од септичка јама

Белградската полиција синоќа  околу полноќ  извлекла  три безживотни тела од септичка јама зад шопинг центар во населбата Сурчин. Станува збор за еден маж и две жени. Пред да бидат убиени, жртвите биле мачени соопшти полицијата. За тројното  убиство  главен осомничен е Драгослав  Јовановиќ а три лица утрово се упасени за помагање.  Полицијата соопшти дека обдукцијата ќе покаже кога се убиени  и со каков предмет и дека најверојатно  мотив за масакрот е паричен долг. Убиените биле пријавени за исчезнати утрото  на 10 јуни а истата вечер  главниот осомничен  се самоубил.