Балкан
13. May 2022 - 18:21

Белград: Мајка си го фрлила детето низ прозорец, па скокнала и таа

Една мајка си го фрли петгодишното дете во Миријево од трети кат, по што и таа скокна од терасата на истиот кат, но за среќа и детето и мајката го преживеаа падот и немаат посериозни повреди, соопштија од Ургентниот центар.

Детето немало повреда на главата, а тоа е најважно, по што било префрлено во Институт за мајка и дете како пациент.

„Детето нема скршеници. Свесно е и комуницира, а само вели дека му се спие“, откриваат од болницата.

Мајката има повеќе скршеници, но е надвор од животна опасност.