-->
-->
Белгискиот суд не донесе одлука за апсење на Пуџдемон
-->
Белгискиот судија денеска не донесе одлука за европскиот налог за апсење на разрешениот претседател на каталонската Влада, Карлес Пуџдемон, што го издаде Шпанија, изјави неговиот адвокат Пол Бекерт.
Белгискиот обвинител побара налогот да се спроведе, но одлуката за случајот ќе биде донесена следниот месец.
Белгискиот суд денеска првпат заседаваше за европската потерница за апсење на Пуџдемон, издадена од Шпанија.
Пуџдемон и четворица каталонски министри од неговата Влада се наоѓаат во Белгија. Тој се предаде на белгиските власти на 5 ноември.
Истиот ден Пуџдемон беше ослободен на условно без право да ја напушти Белгија и со задолжение редовно да се јавува на полициските и судските повици.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Фриленсерството во Македонија - Предности и маани
-
Започна церемонијата за потпишување на Кодекс за фер и демократски парламентрани избори
-
Специјализантите незадоволни продолжуваат со штрајкот
-
100 болни и изнемоштени лица во Штип се пријавиле за гласање во домашни услови
-
Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска
-
Преглед на вестите од светот
-
Меѓаши: Сериозно е нарушена психолошка состојба на децата
-
Со исказ на сведоци денеска продолжи судењето за Пендиков