Свет
15. January 2017 - 10:49

Белгиската полиција приведе тројца осомничени терористи

Во антитерористичка акција на белгиската полиција во бриселската населба Моленбек се приведени три лица, поради сомнеж за поврзаност со терористички групи, соопшти синоќа Јавното обвинителство на Белгија.  

- Акцијата беше спроведена во рамки на истрага што ја води Обвинителството во Брисел. При претресите на неколку објекти не е пронајдено ништо, но на сослушување се приведени три лица, соопшти претставник на Обвинителството. 

За време на операцијата целосно бил блокиран реонот во кој таа била спроведена.

Населбата Моленбек стана позната за поширокта јавност, како место на живеење на исламските терористи кои ги извршија нападите во Париз во ноември 2015 година, при што беа убиени 130 лица.