Белгија прогласена за виновна за киднапирање деца во Конго под колонијална власт
Судот во Брисел ѝ нареди на белгиската држава да плати компензација на жртвите на присилното одвојување на децата од мешана раса од нивните семејства под белгиската колонијална власт во Конго.
Апелацискиот суд во Брисел ја укина претходната пресуда од 2021 година, објави јавниот сервис РТБФ.
Киднапирањето деца од мешана раса во Конго, организирано од белгиската држава и извршено со помош на Католичката црква, е злосторство против човештвото, соопшти судот.
Белгиската држава мора да ги обесштети петте жени кои го покренаа случајот. Се проценува дека околу 20,000 деца од мешана раса биле насилно одземени од нивните семејства под белгиска колонијална власт.
Тужителите, од кои пет се родени во Конго помеѓу 1946 и 1950 година од татковци Белгијци и мајки од Конго.
Тие беа земени од нивните домови и насилно сместени во сиропиталишта како повеќето деца од мешана раса во тоа време.
Документите од колонијалните архиви презентирани од адвокатите на тужителите покажаа дека децата биле одземени од нивните мајки од нивните родни села со сила, закани или измами, иако не биле ниту напуштени, ниту запоставени, сираци или несакани.
Белгија ја контролираше територијата на Демократска Република Конго од 1908 до 1960 година и Бурунди и Руанда од 1922 до 1962 година.
Ново на Сител
-
ЕУ со нови санкции за Русија
-
Бунтовниците го укинаа полицискиот час во Дамаск
-
Царинска управа: Запленети накит, девизи, цигари, облека и автоделови
-
Костадиновски: Одлуката за подготвителна седница не е слабост, Судот ќе одлучува за иницијативите за Законот за јазиците најдоцна во мај
-
Сведокот Гоце Трајковски во случајот со убиството на Вања и Панче е осомничен за друго тешко кривично дело и по него се трага
-
Со нож се заканувал на вработен на патарина
-
Акција на грчката полиција за разбивање на турската мафија во Атина и Солун
-
Русија ги повика своите граѓани да се воздржат од патувања во западните земји