Белгија испраќа 120 полицајци на границата со Франција поради затворање на кампот „Џунгла“
Белгискиот министер за внатрешни работи Јан Јамбон најави дека 120 полицајци ќе бидат испратени на границата со Франција, поради претстојното затворање на незаконскиот бегалски камп „Џунгла“ во близина на Кале.
Кон реонот денеска ќе заминат 50 припадници на белгиската полиција, која бројка ќе биде дополнета во следните денови.
Белгиското Министертсво за внатрешни работи предвидува првично операцијата да трае два месеца, но можна е и измена на рокот и бројноста на испратените полицајци во секој момент.
Се предвидува на самото место мигрантите, кои сакаат да поднесат барање за азил во Белгија, да бидат регистрирани и да им бидат земени отпечатоци од прстите.
Засега не е познато на кој начин ќе се постапува со оние лица кои ќе се откажат од барањето за азил и дали оние кои незаконски влегле во Белгија ќе бидат вратени назад во Франција.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација