Белгија и Холандија договрија мирна промена на границите
Белгија и Холандија денеска во Амстердам ќе потпишат договор за промена на заедничката граница, кој се очекува да стапи во сила од 1 јануари 2018 година, објавија локалните медиуми.
Белгискиот министер за надворешни работи Дидие Рејндерс изјави дека „денешната церемонија претставува пример за мирна измена на државните граници во Европа“.
Белгија и отстапува на Холандија 11 хектари земјиште, а во замена добива три хектари.
Промената на граничната линија во реонот на холандскиот град Маастрихт и белгискиот Визе беше неопходна бидејќи границата била определена на дното од реката Моз која минува низ реонот, врз основа на нејзината најдлабока точка во 1843 година.
Од 1962 до 1980 година службите за поддршка на речниот сообраќај го измениле коритото на Моз, што ја наметна потребата од ново обредување на границата.
Преговорите за ова прашање првично завршиша без да се постигне согласност, но во 2012 година Холандија повторно ја отвори оваа тема за разгледување. Четири години подоцна, постигнат договорот, кој денеска ќе биде официјално потпишан.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите